Нема слобода на медуми - Нема причина за одбележување!

Додека светот го одбележува 3 Мај, Меѓународниот ден на слободата на медиумите, Македонија не го одбележува! Затоа што нема што да одбележува, согласни се медиумските организации во земјава.

Слободата на изразувањето и правото да се информира и да се биде информиран се фундаменталните права врз кои се темели секое демократско општество, велат од Самостониот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Но Македонија, според сите извештаи, е на дното по почитувањето на овие права, па затоа Македонија е далеку од демократско општество, велат од Синдикатот.

„Новинарите мора да работат без страв од одмазда, без закани и насилство, без корупција и уцени“, рече Владо Апостолов од ССНМ.

ССНМ го искористи овој ден да потсети дека не постои слобода без слобода на медиуми, дека не постои демократија без судир на мислења, дека новинарството е една од најбитните професии во изградбата на демократските капацитети.

Од Македонскиот институт за Медиуми (МИМ) велат дека рангирање на медиумските слободи во Македонија од страна на светски органзации е објективен одраз за тоа што реално се случува на медиумската сфера во земјата и дека ниеден обид за дискфалификација и игнорирање на овие оценки нема да придонесе кон подобрување на медиумскит слободи.

Билјана Петковска од МИМ изјави дека во последните години дојде до тесктонски пореметувања на основните столбовите кои го сочинуваат медиумскиот систем во една земја.

„Дојде до целосна политичка колонозација на сите аспекти на медиумскиот систем, по што политиката зазеде целосна доминација. Не постои држава во светот во која има слобода демократија, политичка и економска демократија, благосостојба на граѓаните, без да има основни медиумски слободи и права, рече Петковска.