Ахмети - ЕУ и НАТО се единствена алтернатива

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва изјави дека партијата на предвремените парламентарни избори освоила 150 илјади гласови наспроти 50.000 на ДПА, што, според него, е историска победа.

„Нашите проценки се дека ќе освоиме 19 или 20 пратенички мандати. Тоа е важно за иднината на земјата. ДУИ и ние како идни членови на владата може да ги подобриме политиките. Ќе ја смениме ситуацијата во земјата и во однос на економијата и на влезот во ЕУ и во НАТО“, рече Ахмети.

Според него, ЕУ и НАТО се единствена алтернатива и нема подобра иднина за Македонија. Зачленувањето во овие институции ќе значи подобри меѓуетнички односи и економски просперитет и развој, додаде Ахмети.