ВМРО-ДПМНЕ слави во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ во Охрид прослави победа, јавува нашиот репортер Мики Трајковски. Во владејачката партија велат дека разликата од 8 илјади гласови покажуваат оти охриѓани ја почитуваат работата на ВМРО-ДПМНЕ. Симпатизерите и членството на партијата од седиштето на општинскиот комитет, прославата ја продолжија по улиците на Охрид и на градскиот плоштад.

„Охрид е вмровски град. Во Охрид се покажа дека постои голема демократска свест и дека граѓаните знаат да го ценат трудот, работата и знаат да ги ценат успешните. Во мирни, фер и демократски избори и без ниту една забелешка од избирачките места, со записници кои се перфектно чисти, заврши изборниот ден. Ова е пример кога изборните резултатите претставуваат одраз на волјата на охриѓани. Ова е резултат на искреното работење, кое граѓаните на Охрид знаат да го ценат. Резултатите покажуваат дека граѓаните на Охрид се определија, дека ја почитуваат работата на ВМРО-ДПМНЕ и одлуките и работата на оваа Влада“, рече Атанаско Михаилов. претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.