МОСТ - Најголем одѕив во четвртата Изборна единица, најмал во шестата

На предвремените парламентарни избори најголем одѕив до 18 часот има во четвртата изборна единица со 67,91 процент, по која следат ИЕ 3 со 65,83 проценти, ИЕ 1 со 61,11 проценти, ИЕ 5 со 56,94 проценти, ИЕ 2 со 56,48 проценти и шестата изборна единица со 48,41 проценти.

Излезноста на гласачите за претседателските избори до 18 часот изнесува 50,78 проценти, информира на прес-конференција Дарко Алексов, претседател на Граѓанската асоцијација МОСТ.

Според Алексов, набљудувачите на МОСТ регистрирале случаи на групно/семејно гласање во Битола, Гостивар, Кичево, Струга, Василево, Пласница и Валандово, како и читање на глас на имињата на гласачите, агитација, издавање гласачки ливчиња за двата вида избори без претходно да се информираат гласачите..