МОСТ: Иванов - 53,1 отсто, Пендаровски - 38,8 отсто од гласовите

Граѓанската асоцијација МОСТ ги објави резултатите од првиот круг на претседателските избори, пресметани врз основа на податоците добиени од ПВТ програмата за паралелно пребројување на гласовите. Врз основа овие податоци одѕивот на гласачките места бил 49,64 отсто. Процентот на неважечки ливчиња е 2,78 отсто. За гласовите за кандидатите за претседател добиени се следните резултати:

Ѓорге Иванов – 53,14 отсто

Илјаз Халими – 4,5 отсто

Стево Пендаровски – 38,78 отсто

Зоран Поповски – 3,58 отсто

Добиените податоци се со 95 отсто сигурност и со маргина на грешка од +/-1 процент, велат во МОСТ.