ГРОМ: Изборите релативно фер и демократски

Претседателскиот кандидат на ГРОМ Зоран Поповски.

Гласањето на претседателските избори 2014 година од изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ГРОМ ги оценија како релативно фер и демократски.

Според Љупчо Пренџов од изборниот штаб голем успех е тоа што како новоформирана партија со нова изборна програма толку брзо има и свој претседателски кандидат. Очекува дека позитивните резултати за нивниот кандидат Зоран Поповски ќе бидат вистинско изненадување.

„Сметам дека самиот факт што граѓаните имаат трета опција е изненадување за сите, а сигурен сум дека ќе имаме и добри резултати“, изјави тој.

Како неправилност го посочи кршењето на избирачка кутија во Криволак за што реагирале до ДИК.