ДИК: Одѕивот до 13.40 е 25,79 отсто

Одѕивот на гласањето на првиот круг од претседателските избори до 13 часот и 40 минути е 25,79 проценти, соопшти на прес-конференција Државната изборна комисија.Податоците за излезноста на гласачите се од 3.156 избирачки места односно од 89,86 отсто од вкупно 3.480 избирачки места во државата.

Најголем одѕив има во Новаци 50,03 проценти, додека најмал според податоците што ги соопшти портпаролката на ДИК Билјана Јовановска засега е во Липково 3,76 проценти.

На претседателските избори во 2009 година во истиот временски период излезноста била 26,25 проценти