Роднини на жртвите од Сребреница ја тужат холандската Влада

Хаг

Мајки и вдовици на мажите кои беа масакрирани во Сребреница во 1995 година, поднесоа тужба против холандската Влада поради тоа што „не ги заштитиле нивните синови и сопрузи.
Во Хаг денеска започна граѓански судски процес против холандските војници, кои служеле во мировните сили на ОН, бидејќи не ги штителе муслиманските мажи во Сребреница од силите на босанските Срби, кои го презедоа градот и убија околу 8.000 мажи и момчиња.
Адвокатите на групата „Мајките на Сребреница“ бараат исплаќање отштета за мајките и сопругите на убиените.