Проруски демонстранти упаднале во владината зграда во Доњецк

Демонстрантите со руско знаме пред владината зграда во Доњецк

Проруско украински демонстранти упаднале во главната владина зграда во Доњецк. Според извештаите од источниот украински град, демонстрантите го кренале руското знаме над регионалната административна зграда, а притоа го спуштиле украинското. Претходно околу 2000 демонстранти се собрале пред зградата и извикувале проруски слогани и фрлале петарди кон полицијата.