НАТО министрите денеска за ситуацијата во Авганистан

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, денеска, на вториот ден од состанокот во Брисел, се очекува да расправаат за ситуацијата во Авганистан. Меѓународните сили ќе се повлечат од Авганистан до крајот на годинава, а безбедноста главно им е препуштена на авганистанските безбедносни сили. За денеска е предвиден состанок и на комисијата НАТО – Грузија. По состаноците, е најавена прес конференција на генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.