ФК „Пелистер“ одржа комеморација за Петар Милошевски

Посмртните останки на поранешниот голман и директор на фудбалската репрезентација на Македонија Петар Милошевски ќе бидат изложени утре во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје од 11.30 часот, а не во капелата на Градските гробишта Бутел како што беше претходно најавено.
Одлуката е по желба на семејството и поради голем интерес на јавноста и и на спортски работници кои сакаат да дојдат на последното збогување со македонскиот спортист кој загина завчера во сообраќајна несреќа кај Куманово.
Фудбалскиот клуб „Пелистер“ денеска во Битола одржа комеморативен собир за трагично загинатиот спортист Петар Милошевски, поранешен член на клубот и директор на фудбалската репрезентација на Македонија.