19 убиени во бомбашки напади во Пакистан

Во два одделни бомбашки напади во Пакистан загинаа најмалку 19 луѓе. Бунтовничката група Ахрарул Хинд ја презеде одговорноста за насилството во петокот наведувајќи дека нападите ќе продолжат се додека се спроведува шеријатскиот закон во Пакистан. Во едно предградие на северозападниот град Пешавар, бомбаш-самоубиец се разнесе пред полициско возило, при што загинаа најмалку девет минувачи. Неколку часа подоцна, во бомбардирањето во близина на патнички автобус во југозападниот град Квета, загинаа најмалку 10 луѓе. Полицијата соопшти дека цел на нападот било возило на безбедносните сили . Нападите се случуваат по еден месец од договорот за прекин на огнот што беше прогласен од пакистанските талибанци на 1 март, како гест на добра волја пред мировните преговори со пакистанската влада.