Берлин: резултатот од референдумот на Крим без значење

Резултатот од неделниот референдум на Крим нема да има никакво значење за развојот на настаните во Укрaина. Ова денеска во Берлин го оцени портпаролот на Министертството за надворешни работи на Германија Мартин Шефер. Тој прецизира дека е спорна и формулацијата на прашањето на референдумот за присоединување на Крим кон Русија. Европарламентот вчера побара од Европската унија во најкраток можен рок да воведе економски санкции против Русија доколку не се смири ситуацијата на Крим.