Акција на МВР во угостителски објекти во Тетовско и Гостиварско

МВР и Управата ја јавни приходи синоќа и денеска рано изутрина спровеле акција Канџа“ за контрола на угостителски објекти и спортски обложувалници на подрачјето на Тетово и Гостивар.Цел на акцијата, во која учествувале над 200 полицајци била пронаоѓање на странски државјанки со нерегулиран престој во Република Македонија, кои се нелегално вработени во угостителските објекти како пеачки, танчерки, придружнички односно келнерки, а кои се можни жртви на трговија со луѓе, додека целта на спроведувањето на акциската контрола во обложувалниците било откривање на оние кои вршат дејност без лиценца како и кривични дела и прекршоци од Законот за игри на среќа и за забавните игри, соопшти денеска МВР.
Предмет на контрола во тетовско биле „Енерџи клуб“, поранешен угостителски објект „Хилтон“ во Желино, „Ловец“, „Кораби“, „Ориентал Ас“ и УО Баци,а во гостиварско „Равен – Кастриот“, „Бакарди“, „Били“ – Чегране, „Били 97“ – Топлица, „Алпе Маре“ и „Нота“ – Чегране.
При акциската контрола во угостителските објекти пронајдени се 64 странски државјани, од кои 61 женско и 3 машки лица. Од нив 58 женски и 3 машки лица се приведени во полициските станици во Тетово и Гостивар и против нив утре од страна на Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија, ќе им бидат поднесени барања за поведување на прекршочна постапка злоупотреба на туристички престој. Освен нив легитимирани се и 391 државјанин на Република Македонија кои биле гости во угостителските објекти.