Со гас затруени средношколци и професори од Гостивар

Илустрација.

Дванаесет затруени, од кои седум ученици, и петмина вработени од средното економско училиште во Гостивар се донесени вечерва на Клиниката за токсикологија, со симптоми на труење со гас. Тие ноќва ќе бидат задржани на Клиниката на опсервација и лекување.

Според директорот на Клиниката д-р Андон Чибишев ниту еден од нив не е во животно загрозувачка состојба. На затруените, како што вели, им е земена крв, и се прават токсиколошки анализи за да се утврди за каков гас се работи.

Попладнево 28 ученици и седум професори и технички персонал се примени во гостиварската болница со симптоми на гадење, проблеми во дишните органи и солзење. Директорот на гостиварската болница, Ферит Муча изјави дека дванаесет од нив биле со потешки симптоми и се испратени на Клиниката за токсикологија во Скопје. Другите пациенти се стабилни, но се следи нивната состојба.

Полицијата работи на расветлување на настанот.