Бајден побара од Јанукович решавање на кризата во Украина

Американскиот потпретседател Џо Бајден побара од украинскиот претседател Виктор Јанукович да ја прифати меѓународната поддршка за решавање на политичката криза во земјата. Белата Куќа соопшти дека Бајден побарал од Јанукович да ја повлече полицијата против демонстрации, да бидат ослободени приведените и да бидат гонети одговорните за нападите врз новинари и демонстранти. Според Бајден, само дијалог и компромис може да доведат до влада на која украинскиот народ ќе може да и верува.
Вчерашниот телефонски повик доаѓа во време на подготовки на високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон за денешните разговори во Киев со Јанукович и со лидери на опозицијата.
Вчера опозицијата поднесе барање во парламентот за ограничување на овластувањата на претседателот.