Украинската полиција изложена на притисоци од опозицијата?

Киев, 04.02.2014

Командантот на силите на украинското министерство за внатрешни работи ги повикал подредените да не им подлегнуваат на влијанијата од опозицијата. Во соопштението на сајтот на Министерството, генерал Станислав Шулјак тврди дека во двомесечната криза, опозицијата и се заканувала на полицијата, се обидувала да ја поткупи или да врши притисоци врз неа. Во меѓувреме, украинската опозиција и натаму опстојува на барањата до претседателот Јанукович за окончување на кризата. Бараат оставка од него и предвремени избори.