Министерот за одбрана Џафери во Хрватска

Талат Џафери

Македонија и Хрватска имаат одлична соработка во областа на одбраната и тоа е темел за развој на добрососедските односи на регионално ниво. Ова на денешната средба во Загреб го оценија министрите за одбрана на двете земји Талат Џафери и Анте Котромановиќ. Министерот Џафери, кој ја предводи македонската делегација на дводневната официјална посета на Хрватска, изразил задоволство од нивото на односите меѓу двете земји и ги поздравил заедничките ангажмани во регионалните процеси, како например американската иницијатива, позната како Јадранска повелба.