Бразил: Илјадници демонстранти против одржувањето на Светскиот фудбалски куп

.

Околу 1000 демонстранти протестираа во Сао Паоло против Светскиот куп чиј домаќин треба да биде Бразил, годинава. На својата фејсбук страница, групата Анонимус Рио операцијата ја нарече „Стоп на светското првенство“. Приближувајќи се кон центарот на градот демонстрантите нападнаа празен полициски автомобил и запалија еден мал автомобил. Минатата година милиони луѓе излегоа низ улиците на Бразил да се жалат против високите автобуски цени, цените на јавните услуги и на корупцијата додека земјата троши милијарди на Светското првенство во фудбал кое треба да започне во јуни.