Ердоган на разговори со ЕУ во Брисел

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска престојува во Брисел на разговори за членството на Турција во Европската Унија што е прва негова посета на Брисел по пет години.
Според турските медиуми, посетата на Ердоган се одвива во време на заладени односи меѓу Анкара и Брисел, кога ЕУ отворено изразува „загриженост за состојбите во Турција“, а пред се, за состојбите со демократијата во земјата, инсистирајќи на независност на турското судство и на слободата на медиумите.