Индија - Во стампедо на погреб загинаа 18 луѓе

Илустрација.

Најмалку 18 лица загинаа во стампедо пред погребот за муслимански верски лидер во Мумбаи. Стампедото се случи додека илјадници луѓе од муслиманската заедница Даводи Бохра, се собраа да го испрата својот духовен лидер Суедна Мохамед Бурханудин. Даводи Бохра е секта на шиитски муслимани која се шири низ целиот свет. Нивниот духовен лидер почина од срцев удар во петокот, на возраст од 102 години.