Црна Гора: протест поради насилството врз новинарите

Подгорица

Црногорските весници „Дан“ и „Вијести“ денеска излегоа со празни трети страници во знак на протест против насилството врз новинарите во таа земја. По серијата се уште неразјаснети напади врз новинари од двата весника, неодамна пред редакцијата на „Вијести“ беше фрлена експлозивна направа, а во Никшиќ беше претепана дописничката на „Дан“ Лидија Никчевиќ. Управниот совет на Здружението на новинари на Црна Гора деновиве побара одржување генерален штрајк во знак на протест против насилството и поткопувањето на новинарските и човековите слободи.