Кутрас - цела генерација во Македонија со горчливи чувства кон Грција

Цела една генерација во Македонија е отруено со горчливи чувства против Грција, која е брендирана како виновник за сите зла со кои нивната земја се соочува, изјавил портпаролот на грчкото МНР Константинос Кутрас за Си-Ен-Ен.

Ако Скопје покажеше еднаков степен на посветеност, прашањето за името ќе се решеше, додал тој. Според Кутрас, како што јави МИА од Атина, голем број претходници на Самарас се сретнале со македонскиот премиер, но тоа биле само „можности за фотографирање и фасада“.

Во исто време и Курт Волкер, поранешниот американски постојан претставник во НАТО, за Си-Ен-Ен изјавил дека е можна промена на името, но целосно отстранување на терминот „Македонија“ не е предмет на дискусија. Сметам дека Македонците дотуркаа далеку и мислам дека тие се подготвени да направат договор за модифицирано име на земјата со цел тоа да биде признаено во меѓународните организации, рекол Волкер.

Сепак, тој додал дека „тоа не оди толку далеку како што инсистираат Грците“. Грците сакаат да променат се, вклучително и Македонците да го сменат нивниот Устав. Тоа е само пуста желба, тоа никогаш нема да се случи, истакнал американскиот дипломат.