Протести во Киев поради претепувањето на Луценко

Десетици илјади демонстранти денеска протестираа во Киев поради претепувањето на опозицискиот водач Јуриј Луценко. Луценко беше повреден вчера во Киев за време на судирите на полицијата и демонстрантите во кои настрадаа и 10 други лица.До судирите со полицијата дојде откако судот им изрече затворска казна на тројца мажи поради сомневање дека учествувале во уништувањето на споменикот на основачот на Советскиот Сојуз, Владимир Илич Ленин, во Украина во 2011.