Ал Шабаб ја превзеде одговорноста за бомбите во Могадишо

Могадишо, 02.01.2014

Милитантната исламистичка група Ал Шабаб ја превзеде одговорноста за бомбашкиот напад во хотелот во сомалијскиот главен град Могадишо, во кој загинаа 10 лица. Во хотелот главно имало странци и владини претставници. Ал Шабаб беше протерана од Могадишо пред две години и се бори против владините сили и мировниците од Африканската унија за контрола на териториите во јужна и централна Сомалија.