Oсум смртни случаи во Србија од супербактерија

Во Србија, како што објави денеска белградскиот весник „Блиц“, биле регистрирани осум смртни случаи како последица на инфекција од супербактерија, отпорна на најсилните антибиотици. Станува збор за нова мутација на бактерии што се пренесуваат исклучително во болниците, а заболените најчесто умираат од воспаление на белите дробови или инфекција на уринарниот тракт. Според експертите, до ваква ситуација било дојдено поради злоупотреби со антибиотици во Србија, односно поради честата и нерационална употреба на овие лекови без надзор, што води до се поголема резистентност на бактериите.