Обама ги поддржа американските геј натпреварувачи во Сочи

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека вклучувањето на тројца геј атлетичари во зимските олимписки игри во Сочи го демонстрира американскиот идеал дека на луѓето не треба да им се суди поради сексуалната ориентација. Русија претходно усвои контроверзен закон со кој се забранува пропаганда и нетрадиционални сексуални односи со малолетници. Мерката беше осудена, бидејќи ги дискриминира хомосексуалците.Белата куќа соопшти дека ни првата дама Мишел Обама ни потпретседателот Џо Бајден нема да отпатуваат за Сочи.