Куркулас - Нема услови за почеток на преговори со Скопје

Архивска фотографија: Mедијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц и македонскиот преговарач Зоран Јолевски.

Нашиот став е дека сè уште нема услови за почеток на преговори со Скопје, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Куркулас. Тој изјави дека Атина направила храбри чекори и оти е ред на Скопје да одговори на нив со цел подобрување на добрососедските односи.

„На тој начин ќе се отворат европските и евроатлантските перспективи на соседната земја“, изјави Куркулас.

Европскиот парламент синоќа усвои Резолуција за Албанија, која содржи препорака до Советот на министрите на Европската унија за доделување на статус на кандидат за членство во ЕУ.

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати ја поздрави одлуката на ЕП, со порака објавена на неговиот профил на Фејсбук.

„Му се заблагодаруваме на ЕП за политичката волја изразена во поддршка за кандидатскиот статус за Албанија“, напиша Бушати.