Орбан одликуван со орден „8 Септември“

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва му врачи орден „8 Септември“ на премиерот на Унгарија Виктор Орбан за поддршката што неговата земја и тој лично и ја дава на Македонија за отпочнување на преговори и членство на Македонија во ЕУ.

„Во време кога бевме обесхрабрувани господинот Орбан недвосмислено изјави дека местото на Македонија е во ЕУ и земјата заслужува да стане нејзина членка. Нема да ги заборавиме неговите зборови на поддршка во време кога Унгарија претседаваше со ЕУ“, рече шефот на државата.

Во очекување на декемврискиот состанок на Европскиот совет, шефот на државата истакна дека сака да верува дека петтиот позитивен Извештај на ЕК за Македонија конечно ќе биде прифатен и дека Унијата ќе го оправда сопствениот кредибилитет.

Заблагодарувајќи се за честа што му се укажува унгарскиот премиер Орбан рече Унгарците се убедени дека во тоа дека Македонија има европска иднина.