ВМРО-ДПМНЕ бара од Жерновски да поднесе лично кривични пријави за „Скопје 2014“

ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалникот на општина Центар лично да поднесе кривични пријави околу проектот 2014. Документот кој го поднесува до Јавното обвинитетсвото не е никаква кривична пријава, туку извештај, направен од партиската комисија која тој ја создаде, полн со неточни податоци и паушални партиски ставови на СДСМ и ЛДП, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на градоначалникот на Центар кој достави до Обвинителството извештај за „Скопје 2014“ . Според ВМРО-ДПМНЕ, Жерновски не презема лична одговорност и „се крие зад соопштенија, изјави, извештаи, јавно обвинителство и други институции“.