Времето денеска стабилно и суво

Времето во Македонија ќе биде стабилно и суво. Во претпладневните часови во поголемиот дел од земјава има ниска облачност и појава на слаба магла по одделни котлини и по речни долини. Околу пладне и во попладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен северен ветер.
Утринската температура се движи од минус девет до минус еден, а дневната ќе биде од два до 10 степени.

Во Скопје во попладневните часови облачноста постепено ќе се намалува. Утринската температура се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Утре облачноста постепено ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.
В недела ќе преовладува претежно облачно време и ќе има повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.