Судот во Азербејџан им изрече казни на 29 лица обвинети за подготовка на терористички напад за време на одржувањето на Евро-сонгот во Баку годинава. На тројца од нив им е изречена казна доживотен затвор, а другите добија меѓу 9 и 15 години затвор. Истражните органи соопштија дека групата имала врски со Иран, а нејзиниот лидер бил убиен при акцијата за апсење на осомничените пред одржувањето на Евро-сонгот.