Груевски најави евтини авиолетови

Од почетокот на април наредната година македонските граѓани со „Визер“ ќе можат да летаат на уште три нови дестинации Париз, Брисел и Франкфурт, најави премиерот Никола Груевски.

Тој изјави дека Владата е во преговори и со друга позната нискобуџетна авиокомпанија за отворање на уште три нови евтини авиолинии до други дестинации во Европа. Доколку преговорите успешно завршат, рече Груевски, во текот на наредната година ќе се отворат уште три дополнителни евтини авиолинии.

Владата го субвенционира авиопревозникот „Визер“ со по 8 евра по патник. Оваа година за нискобуџетните авиокомпании Владата доделуваше по 9 евра за секој патник, за следната цената на субвенцијата ќе биде 8 евра.