Силни експлозии кај иранската амбасада во Бејрут

Бејрут - архива

Две експлозии одекнаа во близина на Иранската Амбасада во Бејрут, при што се јавува за најмалку 15 загинати.
Според некои јавувања, станува збор за истрелани ракети, а според други за автомобил бомба.
На местото има запалени автомобили а на околните згради имало оштетувања. Според известувањата, има оштетувања и на 6 згради на Амбасадата.
Подрачјето во кое е лоцирана Амбасадата се смета за упориште на шиитското движење Хизбала.