Груевски: за пензионерите и догодина бесплатно на бања

Премиерот Никола Груевски денеска информираше дека и за идната година е предвидено бесплатна бањска рекреација за пензионерите.
„Досега околу 20.000 пензионери ја искористија оваа можност, а за следната година повторно имаме планирано 30 милиони денари, што значи дека околу 5.500 лица ќе можат да ги искористат бањско-рекреативните центри“, рече премиерот Груевски.
Тој рече дека неколку пати ги посетил во различни бањи и директно разговарал со многу пензионери, но и со Сојузот на пензионери.