Бугарскиот претседател со вето на амандманите за државјанство

Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев

Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев стави вето на амандманите усвоени во минатиот месец со кои се овозможува добивање постојан престој или бугарско државјанство во замена за инвестирање во таа земја. „Привлекувањето инвестиции е национален приоритет, но не треба да биде реализиран на штета на националната безбедност“, наведува Плевнелиев во соопштението објавено денеска. Според амандманите постојан престој се добива со влог од милион лева во некоја бугарска банка, а бугарско државјнство со вложување на ист толкав износ во некое бугарско претпријатие.