Време ли е за консензуален претседател?

Архивска фотографија. Кампања за претседателски избори 2009 година.

Политичките партии во Македонија се уште не се подготвени да ги мотивираат своите гласачи да гласаат за кандидат од друга етничка заедница.
Политичките партии во Македонија се уште не се подготвени да ги мотивираат своите гласачи да гласаат за кандидат од друга етничка заедница. Според нивните согледувања земјава полека се движи во таа насока, но засега и партиите во основа се етаблирани по етничка основа. Тие потсетуваат дека постои поларизираност во општеството и во самите етнички заедници поради политичко профитирање и дека од тие причини опстојуваат поделби и во меѓуетнички контекст. Обид тоа да се направи деновиве произлезе од ДУИ.
Можеби е дојдено времето да видиме како етничките Македонци би реагирале на евентуален кандидат Албанец за претседател?
Ермира Мехмети, ДУИ.

Ермира Мехмети изјави дека идејата за консезуален претседател општо е насочена кон македонско гласачко тело. Таа истакна дека за подготвеноста на Албанците да гласаат за кандидат за претседател Македонец зборуваат искуствата во вториот круг кога , како што рече, изборот зависи од гласовите на етничките Албанци. Ова на некој начин, според неа, претставува консензуален претседател, иако теоретската дефиниција е поинаква.

„Но јас верувам дека сега, дванаесет години по Рамковниот договор кога говориме за концептот на консензуален претседател можеби е дојдено времето да видиме како етничките Македонци би реагирале на евентуален
Да биде кандидат на сите партии што е карактеристика само за тоталитарните системи, каде ќе има еден кандидат и сите ќе мора за него да гласаат.
Павле Трајанов, Демократски сојуз.
кандидат Албанец за претседател? Дали би биле подготвени таква доверба да демонстрираат и тие како најголем етничка заедница.“

Во СДСМ засега немаат коментар за предлогот на ДУИ, а Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз, вели дека ние живееме во плурално општество и треба да има повеќе кандидати независно дали е Албанец, Македонец, Србин итн. и дека треба да се обидеме некој таков кандидат кој е прифатлив за сите да го гласаме, независно од неговата националност.

„Имаше такви идеи од некои можни кандидати за претседатели да биде кандидат на сите партии што тоа е карактеристика само за тоталитарните системи, каде ќе има еден кандидат и сите ќе мора за него да гласаат.“

Според неговите зборови во секој случај добро е да се разговара околу тоа и да се гради култура да се гласа за човек со висок интегритет, но дека тоа може да се случи подоцна и оти се уште не сме стигнале до тоа да прифаќаме кандидат од друга етничка заедница.