Над 55 тони пилешко месо се повлечени од продавници во Романија поради сомневање дека се заразени со салмонела, објави весникот „Евениментул зилеј“. Пилешкото месо е повлечено од продавници во Букурешт и окрузите Прахова, Брашов и Сучава. Досега се уништени 22,5 тони месо на барање на инспекцијата. Производител на месото во чии тестирани примероци е откриено присуство на салмонела е компанијата Авикола.