Груевски: Мијалков ќе одговори како заработил 1,6 милиони евра

На денешната седница на парламентот, посветена на пратенички прашања, Радмила Шекеринска од СДСМ праша „кој е бизнисот во Македонија и во странство со кој се занимава директорот на УБК Сашо Мијалков, што му овозможил за пет години да го зголеми имотот пријавен во анкетниот лист за 1,6 милиони евра“.

Премиерот Никола Груевски одговори дека секој функционер има обврска согласно закон да внесува податоци во анкетните листови кои се доставуваат до соодветните институции, и колку што знае сите тоа го направиле.
За други детали околу тоа што ја интересира Шекеринска, со оглед на тоа што тој не е присутен во салата, ќе си одговори јавно и јас не можам да одоворам за детали на кој било финкционер во државата што поднел анкетен лист, како дошол до средствата и како ги заработил. Она што знам е дека долг период посочениот Сашо Мијалков беше во приватен бизнис пред да стапи на оваа функција. Најдобро е тој да си одговори на овие поставени прашања, појасни премиерот Груевски.

Од одговорот на премиерот не беше задоволна пратеничката Шекеринска и посочи дека Мијалков е единствениот функционер, кој, како што рече, согласно закон би требало, но никогаш не се појавил на собраниската комисија задолжена за следење на неговата работа.