Црногорската парада на гордоста успешна со инциденти

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Успешно одржана Парада на Гордоста во Црна Гора

Учесниците на црногорската парада на гордоста се евакуирани, но за време на парадата и после тоа имаше судири меѓу полицијата и противниците на парадата, така што полицијата интервенираше на повеќе места во градот.

Според полициски извори, ЛГБТ активистите со полициски коли биле евакуирани на непозната локација. Полицијата употреби солзавец кај зградата на Американската амбасада во Подгорица и во текот на парадата и потоа имаше повеќе судири со противниците на одржувањето на првата црногорска парада.
Министерот за човекови и малцински права Суад Мановиќ оцени дека со мирното собирање Црна Гора покажала дека ги гарантира слободата и собирањата без оглед на различноста.

Активистите на ЛГБТ заедницата највија дека следната парада на гордоста треба да биде во јуни. Учесниците ги поздравија и активисти на ЛГБТ од Белград и потсетија дека такво нешто не беше возможно да се одржи во Белград



Инциденти имаше и пред почетокот на парадата. Беше фрлен солзавец а регистриарни се и неколку кошкања меѓу полицајците и противниците на парадата, кои се движеа во непосредна одалеченост од поворката.

ЛГБТ активистите носеа знамиња со боите на виножитото и транспаренти со натписи “Жена,мајка,лезбејка“ и „Геј е ок“.

Црногорската полиција пред Парадата на Гордоста, која денеска по прв пат се одржува во Подгорица, приведе десетици лица.
Кај нив биле пронајдени молотови коктели и метални шипки, јавуваат медиумите од Црна Гора. Едно лице и само се повредило при правењето експлозивна направа која сакало да ја фрли врз учесниците на парадата.

За Парадата на гордоста“ се сметаше дека е една од најризичните манифестации во Црна Гора.

Противниците на парадата повикуваа на одржување протести. Меѓу оние што се противеа на одржувањето на геј собирањата е и поглаварот на православната црква Амфилохие.

Во јули кога таква парада се одржа во Будва полицијата се судри со анти геј протестантите кои ја нападнаа поворката на геј активистите.

Слична парада на Балканот требаше да се одржи во Србија во септември, но беше откажано од безбедносни причини, поради стравување да не се повтори насилството од парадата во 2010 година.