Зголемени мерки на безбедност во Подгорица за парадата на гордоста

За обезбедување на учесниците на првата геј парада во Подгорица, закажана за денеска , ќе бидат ангажирани околу 2.000 полицајци.Парадата на гордоста“ е една од најризичните манифестации во Црна Гора.Противниците на парадата упатија повик за одржување протести. Меѓу оние што се пртотиват на одржувањето на геј собирањата е и поглаварот на православната црква Амфилохие.Во јули кога таква парада се одржа во Будва полицијата се судри со анти геј протестантите кои ја нападнаа поворката на геј активистите. Слична парада на Балканот требаше да се одржи во Србија во септември, но беше откажано од безбедносни причини, поради стравување да не се повтори насилството од парадата во 2010 година.