САД- приведен маж под сомнение дека е приврзаник на Ал Каеда

.

Во САД е приведен 25- годишен Американец за кој постојат сомневања дека планирал да патува во Јемен за да и се придружи на Ал Каеда.
Маркос Алонсо Зеа се изјаснил дека не е виновен откако бил приведен во неговиот дом во Лонг Ајленд, во Њујорк.Тој се товари за планирање убиство во Јемен, како и за поддршка на терористите и опструкција на правдата.