Нобеловата награда за мир за Организацијата за забрана на хемиското оружје

Годинашната Нобелова награда за мир ја доби Организацијата за забрана на хемсикото оружје која го надгледува уништувањето на хемискиот арсенал на Сирија, соопштено е денеска во Осло. Претседателот на Норвешкиот Нобелов комитет Торбјорн Јагланд изјави дека оваа организација ја добила наградата за нејзините значителни напори за елиминирање на хемиското оружје. Станува збор за невладина организација поддржана од Обединетите нации одговорна за спроведување на глобалната Конвенција за хемсикото оружје. Нејзиното седиште е во Хаг. Наградата во вредност од милион и 250 илјади долари официјално ќе биде предадена на 10 декември во Осло.