ОБСЕ со критики за изборите во Азербејџан

Посматрачите на ОБСЕ на денешната прес конференција во Баку оценија дека на претседателските избори во Азербејџан имало значајни проблеми во текот на целиот процес.
Мисијата на ОБСЕ смета земјата треба да ги исправи сите грешки за да ги достигне стандардите на ОБСЕ.
Од друга страна, Парламентарната асамблеја на Советот на Европа и Европскиот Парламент издадоа соопштение во кое се наведува дека гласањето било транспарентно и демократско и покрај сериозните проблеми со слободата на говорот.
Претседателот Илхам Алиев со 84,6 насто гласови вчера победи додека Опозицискиот кандидат Камил Хасанли кој освои само 5 насто. обвини за низа нерегуларности.