Нови европски мерки против пушењето?

Европските законодавци денеска ќе гласаат за нови мерки во врска со тутунската индустрија и пушењето. Меѓу друготе, предложено е на кутиите на цигарите да има уште поголеми предупредувања за штетноста од пушењето, како и забрана за продавање на ментол цигари. Предвидена е и построга регулација на електронските цигари. Критичарите велат дека со новите мерки ќе биде ограничена слободата на потрошувачите. Според анализите, третманите на болестите предизвикани од пушење чинат околу 34 милијарди евра годишно, а во земјите членки на Европската Унија има околу 700 илјади смртни случаи, поврзани со штетноста од пушењето.