Во Собранието почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Во Собранието на Република Македонија денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за оваа година. Предложениот ребаланс со кој се додаваат средства на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на МОН е на дневен ред во Комисијата за финансирање и буџет.
Според предлогот, во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се додаваат 1,34 милијарди денари заради повисоките расходи во однос на индексацијата и дополнителни и 430 милиони денари во МОН за опремување лаборатории. Средствата во овие ставки не се пренаменети, туку проширен е дефицитот на 3,9 проценти, а финансирањето е од Буџетот.