АРМ има значајна улога во операциите на НАТО

началникот на Генералштабот генерал потполковник Горанчо Котески

Kомандантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Брус Клинган, денеска во рамките на дводневната официјална посета на Македонија, имаше средба со началникот на Генералштабот генерал потполковник Горанчо Котески и со министерот за одбрана Талат Џафери. Адмиралот Клинган истакна дека е импресиониран од придонесот што Македонија и АРМ го даваат со учеството во мировните мисии, додавајќи дека соработката со АРМ игра значајна улога во реформските процеси на Армијата, како и во донесувањето на важни одлуки во планирањето на операциите на Алијансата. Тој додаде дека денешната посета ќе даде нов импулс во односите помеѓу Командата на здружените сили на НАТО и АРМ.