Инспекторите на ОН во Сирија истражуваат 7 хемиски напади

Инспекторите на Обединетите Нации во Сирија истражуваат 7 случаи на употреба на хемиско оружје, вклучувајки и 3 по 21-ви август. Во сооопштението, издадено денеска во Дамаск, експертите најавија дека до понеделник ќе ја завршат работата, а коплетниот извештај ќе биде готов во Октомври. Од вторник во Сирија инспекција ќе вршат и експерти од Организацијата за забрана на хемиското оружје.