САД го потпишаа договорот за трговија со оружје

Соединетите држави кои се најголемиот извозник на конвенционално оружје го потпишаа меѓународниот договор за трговија со оружје. Државниот секретар Џон Кери го потпиша Договорот на церемонијата што денеска се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Ваквиот американски потег се оценува како клучен за успешно спроведување на регулирањето на пазарот со оружје во светот. Договорот што во почетокот на годинава беше прифатен од 89 земји треба да биде ратификуван и од американскиот Конгрес. Тој ќе стапи во сила кога 50 држави ќе го ратификуваат. Досега тоа го сторија само четири.