12 години од нападите на 11 септември

САД денеска ја одбележуваат 12-годишнината од нападите од 11 септември 2001 година. Белата Куќа соопшти дека претседателот Барак Обама ќе учествува во „минутата молчење“ во дворот на Куќата, во чест на речиси 3 илјади загинати во нападите во неколку американски градови.
Во соопштението се наведува дека тимот на Обама за национална безбедност презема мерки за превенирање на терористички напади поврзани со оваа годишнина.